Ружица Ареа / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Ружица од „Ареа“ со апел: „Што ќе правиме со илјадниците пластични шишиња во Гостивар?“

Во период кога Гостивар се соочува со последиците од загадената вода за пиење, пејачката Ружица Милошеска – Брчиоска од рок-групата „Ареа“ упати апел до надлежните и до граѓаните да размислуваат и за еколошките последици од користењето флаширана вода.

Таа на социјалните мрежи напиша дека чистата вода што моментално се дистрибуира до гостиварчани е добредојдена и дека токму со неа деновиве функционираат многу семејства. Но, истовремено предупреди дека по завршувањето на кризата може да се појави нов проблем – илјадници празни пластични шишиња.

„Чистата вода што се дистрибуира до гостиварчани е добредојдена, поточно само со неа деновиве функционираме, но што ќе се случи со илјадниците празни пластични шишиња што сега се собираат во домаќинствата и кои по завршување на кризата со загаденава вода (посакувам што побрзо да заврши) ќе се расфрлаат насекаде?“, напиша таа.

Според Милошеска Брчиоска, уште сега треба да се организира акција за собирање на пластичниот отпад на посебни пунктови, бидејќи, како што наведува, постои опасност шишињата да завршат во реката Вардар и да предизвикаат ново загадување на животната средина.

„Би требало уште сега да се спроведе акција за собирање пластика на одредени пунктови, зашто многу лесно, знаејќи си ја културата, шишињата може да се најдат во Вардар и да предизвикаме ново загадување на животната средина. Дали општината има некаков план за ова, а ако не тогаш еколози ајде вклучете се, предлагајте!“, порача пејачката.

Интервју со Ружица Милошеска-Брчиоска: Храната за мене претставува гориво за одржување и функционирање на моето тело

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот