ФОТО | Роби Вилијамс повторно се огласи по скандалот на Светското првенство: „Не бев под дејство на дрога“
Познатиот британски пејач Роби Вилијамс повторно се огласи по повод виралното видео од финалето на Светското првенство, откако гледачите за време на неговото интервју во живо забележаа како од неговата уста испаѓа бела супстанција. Поп-ѕвездата уште еднаш појасни дека не станува збор за наркотици, туку за бонбона од нане кои ги користи како помош за откажување од пушењето.
Препорачано
View this post on Instagram
Вирален гаф пред повеќе од милијарда гледачи
Вилијамс настапи на церемонијата на отворањето на финалниот натпревар, а потоа даваше изјава кога белото парченце му испадна од устата и заврши директно на микрофонот. Пејачот брзо го тргна, а потоа на шега го залепи на своето чело — момент кој експресно стана интернет-хит.
Првата реакција ја даде преку видео на Инстаграм со опис:
„Управувам со ситуацијата и се чувствувам … свежо“. Тогаш пред камерата ја отвори устата полна со бонбони од ментол, извинувајќи се на свој препознатлив хумористичен начин.
View this post on Instagram
Во новата, значително подолга и подетална објава на социјалните мрежи, тој реши целосно да ги демантира сите шпекулации.
„Луѓето мислат дека бев надвор од себе од дрога, но не бев. Мислам дека на Светското првенство бев во моето најдобро издание. Тоа што бонбоната ми испадна од устата за време на интервју во живо и се залепи за челото … тоа е веројатно најтипичната работа што можеше да ми се случи“, напиша Вилијамс.
Тој додаде дека воопшто не ни забележал што се случило во моментот:
„Немав поим дека ми била на челото сè до следниот ден. Моето лажно извинување сега има над 27 милиони прегледи, а целата приказна стигна до 51 милион луѓе. Не читав многу коментари, па затоа целата ситуација ми е искрено смешна“.
View this post on Instagram
Шеги на сопствена сметка
Вилијамс се осврна и на бројните мемиња што се појавија на интернет, вклучувајќи ги и споредбите на неговата сина тренерка „Адидас“ со блескави детали со стилот на ликот Поли Волнац од култната серија „Семејството Сопрано“.
„Мемињата со Поли се феноменални. Не би било во ред да се појавам на светската сцена, а да не се случи нешто потполно бизарно. Ме гледаа милијарда и пол луѓе. Дали тие аматери мислат дека не би го иситнил тој прав додека не стане фин како песок од Бахамите? Ве молам, не сум од вчера! Сега интернетот има нова ’факт-хипотеза‘ во која сите ќе бидат уверени. Но, тоа е шоу-бизнис“, порача тој.
Пејачот се потсети и на моментот веднаш по настапот кога на соработниците им рекол дека е среќен што сè поминало без инциденти, за само неколку минути подоцна да го направи неочекуваниот гаф.
„Тоа што на крајот се случи токму мене, е целосно во мој стил. Ќе има уште вакви работи. Јас сум неизбежен. Ништо … одам да продолжам да стареам пред очите на јавноста. Се гледаме при следното недоразбирање. Намасте, Роберт“, заврши музичарот во свој стил.
Инаку, по објавата за неговата претстојна турнеја низ Велика Британија и Ирска, Роби Вилијамс веќе важи за еден од главните фаворити за предводник на сцената на фестивалите во следниот период.


