ВИДЕО | Крис Браун ја призна вината за нападот во ноќен клуб во Лондон
Американскиот ар-ен-би пејач Крис Браун ја призна вината за нарушување на јавниот ред и мир со насилничко однесување, во ноќен клуб во Лондон во 2023 година. Според полициските извештаи и снимките од безбедносните камери, 37-годишната музичка ѕвезда ја удрила жртвата со стаклено шише повеќе пати во главата, по што човекот бил турнат на подот и му се нанесени повеќе удари, пишува „Би-би-си“.
Препорачано
Браун требаше да се соочи со судење за потешки обвиненија кои ги негираше, за напад, обид за нанесување тешки телесни повреди и поседување оружје. Меѓутоа, тие обвиненија беа отфрлени откако тој го призна дело.

Признавање на вината и закана за затворска казна
Крис Браун и неговиот пријател, 40-годишниот рапер Омолулу Акинлолу, ја признаа вината пред судот за помалку од пет минути.
Кривичното дело за кое се изјаснија виновни предвидува затворска казна до три години. Судијата Тони Баумгартнер ја закажа пресудата за 26 октомври, одобрувајќи му на пејачот привремено да ја напушти Велика Британија под услов да се врати еден ден пред изрекувањето на казната. Како гаранција за слободно движење за време на светската турнеја, Браун претходно мораше да уплати депонирана кауција од 5 милиони фунти.

Детали за нападот
Инцидентот се случи во приватниот клуб „Tape“ во елитната лондонска населба Мејфер во февруари 2023 година. Жртвата, музичкиот продуцент Ејб Диау, поради повреди на главата и колената мораше да биде примен во болница.
„Ова беше срамен и непредизвикан напад кој испрати човек во болница. Мило ми е што овие луѓе конечно прифатија дека тоа што го направија е кривично дело. Никој не е над законот“, изјавија од детективскиот тим на лондонската полиција.
Браун, кој е познат по глобалните хитови „Loyal“ и „With You“, пристигна во судот опкружен со обезбедување, каде што ги поздрави особранте обожаватели, делеше автограми и се потпишуваше на нивните транспаренти.
Ова не е прв пат пејачот да има проблеми со законот. Во 2009 година, тој ја призна вината за физички напад врз неговата тогашна девојка, поп-ѕвездата Ријана, по што беше oсуден на општествено корисна работа и пет години условна казна.
ФОТО | „Напред девојко“: Крис Браун јавно ѝ ја честиташе бременоста на Ријана
ВИДЕО | Крис Браун се појави на суд во Лондон поради обвиненијата за брутален физички напад


