Необична бела пена се појави на устието на Лепенец во Вардар, ќе се испитува што е и од каде е
Местото каде што реката Лепенец се влева во Вардар денеска е прекриено со необична бела и пенлива материја, а надлежните најавија дека ќе се испитува што го предизвикало тоа.
Препорачано
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дојде на местото во населбата Злокуќани со инспекторите. Тој рече дека иако тоа било во ингеренции на Министерството за животна средина, тие зеле мостри од пената и Градот самиот ќе испита кој е загадувачот.
Ѓорѓиевски и пред анализите претпоставува дека реката е загадена, вели дека „вакви испади и неодговорно однесување имало и порано, но и оти „овој пат ќе има постапување“.
Лепенец извира од планината Жар на Косово и преку Качаничката Клисура тече кон устието во Вардар. Над местото и покрај него има повеќе фирми.
Слична ситуација лани беше забележана и во канал кој се влева во Вардар во селото Таор.
ФОТО: Чудна бела пена извира од канал крај Вардар во Скопско, итно се анализираат примероци
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
37мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


