ФОТО: Чудна бела пена извира од канал крај Вардар во Скопско, итно се анализираат примероци
Општина Зелениково соопшти дека утрово, при активирање на пумпите за препумпување на отпадните води од Скопското Поле, во селото Таор била забележана појава на необична бела пена во голем обем. Пената се појавила во одводниот канал што се влива во реката Вардар, а препумпувањето ги опфаќа општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Петровец и околината.
Препорачано

„Општинските служби заедно со АД ‘Водостопанство’ излегоа на терен за увид и координација со надлежните институции за понатамошно постапување“, изјави градоначалникот Коста Маневски.

Земени се примероци од чудната пена, кои итно се испратени на хемиска анализа. Паралелно со тоа, општината поднела пријава до Државниот инспекторат за животна средина, кој треба да ја преземе натамошната контрола и мерки, информира градоначалникот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


