Фото: State Emergency Service of Ukraine

Десетмина загинати и околу 100 повредени луѓе во руски ракетен напaд кај Киев

Десет луѓе загинаа, а околу 100 се повредени во руски ракетен напад врз полигон за обука во Киевската Област, каде се одржувал настан за изложба на оружје. Украинското обвинителство отвори две кривични постапки во врска со нападот, соопшти државниот обвинител Руслан Кравченко, пренесува Украинска правда.

„Русија повторно изврши ракетен напад врз Киевската Област. Загинаа десет лица, а околу 100 други се здобија со повреди од различен степен. Податоците сè уште се потврдуваат“, изјави Кравченко.

Тој додаде дека Обвинителството спроведува истрага за можно кршење на законите и обичаите на војната, согласно член 438 од Кривичниот законик на Украина.

Покрај тоа, отворена е и постапка според член 367 став 3 од Кривичниот законик, поради сомнежи за несовесно извршување на службените должности при организацијата и одржувањето на настанот, што можело да придонесе за смртните последици и големиот број повредени.

„Војната никого не ослободува од одговорност за управувачките одлуки. Напротив, таа бара највисоко ниво на професионалност, претпазливост и свесност при секој чекор. Истрагата ќе утврди кој ја донел одлуката за одржување на настанот, кој ја одобрил локацијата, времето и форматот, какви безбедносни мерки биле предвидени и дали ризиците биле соодветно проценети во услови на воена состојба“, рече Кравченко.

Украина свика итен состанок на ОН поради руските напади што го запреа сообраќајот во Црното Море

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот