Ексдиректор на „Малешево“ и двајца беровци „здружиле сили“ за нелегална сеча и продажба на дрва
Тројца беровци добија кривични пријави поради сомнение дека со месеци учествувале во незаконска сеча на дрва, кои потоа ги жигосувале како да потекнуваат од приватни парцели.
Препорачано
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Н.А.(44), З.П.(46) и Г.П.(40), сите од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ‘злоупотреба на службена положба и овластување’, ‘пустошење на шуми’ и ‘кражба’. Во периодот од јануари 2025 до 21.08.2025, Г.П., сопственик на повеќе приватни парцели, заедно со негов роднина и вработен во неговата пилана вршеле нелегална сеча на дрва, стебла кои од вработени во Шумско стопанство ‘Малешево’ биле обележувани со дознака за сеча по давани насоки од Н.А., во својство на шумски инженер и тогашен директор на ШС ‘Малешево’ – Берово. Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово, при контрола на теренот, во парцели во државна сопственост, кои се во непосредна близина на приватните парцели на Г.П., пронашле бесправно исечени стебла, додека двајца референти ги жигосувале трупците како да биле исечени од приватните парцели на Г.П. и на тој начин ги легализирале, им издавале соодветна документација, која З.П. ја дистрибуирал до крајните потрошувачи. Во пилана во с.Владимирово, полициски службеници ги затекнале Г.П. и З.П. како растовараат две тракторски приколки натоварени со борови стебла кои потекнуваат од опишаното дејствие,“ соопшти МВР.
Вработени во „Национални шуми“ овозможиле незаконска сеча на дрва во вредност од 9.000 евра


