Осудени се тројцата кавадарчани кои лани до смрт претепаа човек пред казино
Тројцата кавадарчани кои лани пред казино до смрт претепаа 43-годишен човел, денеска се осудени и со првостепената пресуда добија по десет години затвор. Според пресудата, Д.Б. (27), М.Ѓ. (36) и Д.С. (28) се прогласени за виновни.
Препорачано
Насилниот чин се случи лани на 27 август пред казино на улицата „Никола Минчев“ во центарот на Кавадарци. Според обвинението, на убиството му претходела расправија во казиното, по која тројцата осудени и 43-годишниот Панче Т. излегле надвор, каде што конфликтот прераснал во тепачка.
Насилниците го нападнале човекот и го удирале со клоци и тупаници по главата и по телото. Тој се обидел повторно да влезе во казиното, но се онесвестил.
На судењето тројцата напаѓачи не ја признале вината. По изрекувањето на пресудата, која сè уште не е правосилна, ним им е продолжен притворот до завршувањето на постапката. И Обвинителството и одбраната имаат право на жалба. Од ОЈО Кавадарци веќе најавија дека ќе ја обжалат пресудата, бидејќи сметаат дека изречените казни не се соодветни на тежината на делото.
Уапсени се тројца кавадарчани кои до смрт претепаа сограѓанин пред казино


