ВИДЕО | Драма на плажа во Хрватска: камион падна во морето, возачот го пренесоа во болница
Драматична сцена се случила денеска на плажа во Хрватска, кога камион слетал во морето кај „Златни карпи“ во Пула, пренесуваат хрватските медиуми.
Препорачано
За среќа, нема повредени во инцидентот, кој што ги вознемирил присутните капачи. Возачот бил веднаш пренесен во болница, а според информациите, камионот бил на градската трговска компанија „Херкуланеа“.
Несреќата се случила околу 11 часот, а возачот успеал навреме да скокне од кабината на камионот. Тој бил полесно повреден и бил пренесен во Општата болница во Пула, каде што бил задржан на набљудување, дознава „Истра24“.
Јавната противпожарна служба на Пула добила пријава за несреќата во 11:14 часот. На местото на настанот биле испратени три противпожарни возила и едно пловило. Градот потврди за порталот дека на терен се и службеници од Полициската управа на Истра и Пристанишната управа. Поставени се и заштитни брани за да се спречи евентуално загадување на морето со гориво од возилата.
Исто така, потврдено е дека ниту еден од капачите не е повреден. Повеќе информации за несреќата треба да бидат познати по увидот и истрагата, кои се во тек.
ВИДЕО | Италијанец со колата слета во морето во Трст, го извлекуваа воeни кадети


