Кога светските коктел трендови пристигнуваат во Скопје, првата адреса е Casa: Three Cents Fig Leaf Soda премиерно претставена во Македонија
Една година откако Casa Bar стана првата и единствена Paloma Embassy во Македонија, партнерството со Three Cents продолжува со ново поглавје. Благодарение на овој статус, токму во Каса Бар ексклузивно беше претставена Three Cents Fig Leaf Soda – најновиот премиум миксер на брендот, кој за првпат пристигнува на македонскиот пазар.
Препорачано
Во соработка со Пивара Скопје, официјален дистрибутер на Three Cents во Македонија, Casa ги собра на едно место професионалците од бар индустријата, љубителите на коктел културата и сите кои сакаат да ги следат и искусат најновите светски трендови во миксологијата.
Нов вкус создаден од бармени – за бармени
Основан во Атина во 2014 година од група бармени во потрага по совршениот миксер, Three Cents денес е еден од најреномираните светски брендови во својата категорија. Неговите производи се препознатливи по природните состојки, интензивната карбонизација и способноста да ги истакнат ароматичните профили на секој коктел.
Најновото дополнување во нивното портфолио е Fig Leaf Soda – премиум миксер инспириран од сè поголемата популарност на природните и гастрономски вкусови.
За неговото создавање, Three Cents соработувале со мала локална заедница во Грција која одгледува кралска сорта смокви во заштитено географско подрачје. Од внимателно селектирани листови од смоква, преку сопствен процес на екстракција и без употреба на конзерванси или вештачки бои, е создаден миксер со препознатлива арома на свежа смоква, суптилни земјени ноти и долготрајна карбонизација.
Создадена да биде разновидна и лесно применлива, Fig Leaf Soda отвора нови можности за современи коктел креации, особено во комбинација со текила, виски и класични аперитивни коктели.
Глобална експертиза на домашната сцена: Александрос Сурбатис повторно во Скопје

По минатогодишното гостување, Александрос Сурбатис, глобален бренд амбасадор на Three Cents, повторно пристигна во Скопје за специјално искуство во Casa Bar – со Aperitivo Masterclass за професионалците од индустријата и ексклузивен guest shift за љубителите на коктелите.
Во првиот дел од посетата, Сурбатис одржа специјализиран мастерклас на тема Aperitivo, на кој присуствуваа околу триесетина бармени и претставници на водечките барови во Скопје. Преку практични демонстрации и дискусија, учесниците имаа можност да се запознаат со најновите светски трендови во миксологијата, улогата на премиум миксерите во создавање избалансирани коктели, како и со приказната зад новата Fig Leaf Soda.
Вечерта продолжи зад шанкот на Casa Bar, каде што Sourbatis приреди специјален guest shift, претставувајќи четири авторски коктели во кои главната улога ја имаше токму Fig Leaf Soda. Посетителите имаа можност први да го дегустираат новиот производ преку коктели создадени специјално за оваа пригода.

Партнерство што ја движи бар културата напред
Минатата година Casa Bar стана дел од глобалната иницијатива Paloma Embassy, мрежа на внимателно одбрани барови ширум светот кои ја промовираат современата коктел култура преку едукација, иновација и врвно гостопримство.
Со официјалното претставување на Fig Leaf Soda во Македонија, Casa Bar продолжува да ја поврзува локалната коктел сцена со светските иновации во миксологијата, преку партнерството со Three Cents.

Настани од ваков карактер имаат значење што оди многу подалеку од запознавање со нов важен производ во миксологијата. Тие создаваат простор за размена на знаење, професионално поврзување и инспирација меѓу бармените, придонесувајќи кон подигнување на стандардите и понатамошен развој на современата бар култура во Македонија.


