ПМФЛ: Тиквеш убедливо славеше против Арсими, хет-трик на Сила
Тиквеш и Арсими го отворија новото, 35 издание на Првата фудбалска лига на Македонија, со 6 гола на стадионот во Кавадарци.
Препорачано
Првата шанса на натпреварот ја имаше екипата на Арсими, кога Дошев прекина еден противнапад на Тиквеш и упати удар над голот на Стевковски. Домаќините за првпат се заканија во 15 минута преку Лавал, кој биеше од 18 метри, но исто така над голот на Силјановски. Набрзо потоа и Сила го проба својот удар од 16 метри, но Силјановски беше сигурен на својата позиција.
Иницијативата на Тиквеш e крунисана со гол во 19 минута. По грешката на Дошев, Виздом асистираше до Лавал, кој го постигна првиот гол во новата сезона за предност на кавадарчани од 1:0.
Домаќините продолжија со притисокот и во 22 минута Виздом имаше шанса за втор гол, но биеше покрај стативата. Гостите возвратија две минути подоцна (24’), кога Рамадани го пронајде Дошев, но тој не беше прецизен. Казната стигна во 27 минута – Фоде асистираше, а Сила со прекрасен лоб-удар го совлада Силјановски за 2:0.
Сепак, две минути подоцна, гостите намалија со еврогол: Албин Рамадани од 23 метри ја испрати топката во небранетиот агол од голот на Тиквеш за 2:1. Радоста на гостите траеше кратко, веќе во 35 минута, Лавал искористи грешка во одбраната на Арсими и го постигна својот втор гол на мечот за 3:1. Домаќините не запреа тука и во 40 минута стигнаа и до четврти погодок. Доминантниот Сила ја искористи брзината пред дефанзивецот Зука и исто така се запиша по вторпат во стрелците за убедливи 4:1.
Арсими прв се закани во второто полувреме, кога Каба биеше од седум метри, но Стевковски одлично интервенираше. Во продолжение на истата акција, Фисник Зука упати силен удар, но топката замина покрај голот. Во 52 минута Олаосебикан се обиде со шут од 23 метри, но исто така беше непрецизен. Потоа и Албиан Рамадани имаше голема можност да го постигне својот втор гол од само шест метри, но во последниот момент со одлична интервенција реагираше дефанзивецот Фал.
Казната за пропуштените шанси на гостите стигна во 58 минута. Брзиот Сила ја проби одбраната на Арсими и го постигна својот трет гол на мечот, зголемувајќи ја предноста на Тиквеш на убедливи 5:1.
ПМФЛ
1 коло
Петок
Тиквеш – Арсими 5:1 (4:1)


