Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Суперболот е најгледаната ТВ содржина во историјата на САД: Го гледале 123,4 милиони гледачи

Најдолгиот натпревар на Супербол е воедно и најгледана ТВ програма во историјата на телевизијата на САД.

Според Нилсен и Адоб Аналитикс (Adobe Analytics), победата на Канзас Сити над Сан Франциско во неделата навечер имала просечни 123,4 милиони гледачи низ телевизиските и стриминг платформи во САД. Тоа ги урна минатогодишните бројки од 115,1 милиони за победата на Канзас Сити во последниот натпревар над Филаделфија и е зголемување од 7 отсто, пишува „Гардијан“.

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Според „Си-би-ес“, кој ја пренесуваше играта, годинешниот Супербол, барем дел од натпреварот гледале 202,4 милиони луѓе, соборувајќи го рекордот од 184 милиони, поставен исто така на последниот Супербол.

Бројките од понеделникот јасно покажале дека играта е вистински хит за CBS и NFL. Вкупно 120 милиони гледачи кои ја гледале играта на CBS е рекорд за една телевизиска станица. Наведените 123,4 милиони гледачи вклучуваат корисници на преноси на платформите Nickelodeon, Univision, Paramount+, NFL+ итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот