Брутално e убиен италијански новинар, телото му го запалиле
Брутално убиство на италијански новинар ја потресе јавноста во Италија. Луиџи „Лука“ Еспозито бил убиен минатиот викенд, а неговото запалено тело е пронајдено на 19 јули на земјоделско земјиште во близина на Еболи, во покраината Салерно. Истражителите се сомневаат дека Еспозито бил жив во моментот кога било запалено неговото тело, иако бил во критична состојба по брутално претепување и давење, пренесе Мирор.
Препорачано
Поради новите сознанија, обвинителството нареди дополнителни истражни дејствија.
Tragedia nel Salernitano: è di Luigi "Luca" Esposito, 53 anni, il corpo carbonizzato trovato nelle campagne di Eboli.
La Procura indaga per omicidio: il giornalista sportivo sarebbe stato ucciso a colpi di pistola prima del rogo.Iscriviti al canale per non perdere gli… pic.twitter.com/gQpSo4Re4K
— LaPresse (@LaPresse_news) July 19, 2026
Обдукцијата покажала дека причината за смртта е „насилно механичко задушување“, но истовремено открила дека Еспозито непосредно пред смртта вдишал чад. Овој наод укажува дека сè уште давал знаци на живот кога напаѓачот го запалил неговото тело, поради што е побарано дополнително вештачење.
Истражителите сè уште трагаат по мобилниот телефон на новинарот. Уредот не бил пронајден ниту покрај телото, ниту во автомобилот, паркиран во близина.
Пријател на Еспозито изјавил дека последен пат разговарал со него во саботата попладне. Во недела околу 10:27 часот му испратил порака, но не добил одговор. Потоа се обидел да го добие преку Вацап и му оставил говорна порака. Пораките првично не биле испорачани, но подоцна во неделата попладне се појавиле две сиви ознаки, без сината потврда дека се прочитани. Тоа, според истражителите, укажува дека телефонот во тој момент бил вклучен или се нашол во подрачје со мобилен сигнал.
Еспозито како спортски новинар ги следел фудбалските клубови од регионот Кампанија. Работел како телевизиски коментатор, соработувал со повеќе дневни весници и пишувал колумни. На 4 јули го прославил својот 53. роденден.
По неговото убиство се појавија информации дека работел во регионалната агенција за заштита на животната средина „Арпак“, но од институцијата ги демантираа тие тврдења, нагласувајќи дека никогаш не бил нивен вработен ниту бил поврзан со регионалната администрација.
Истражителите се обидуваат да утврдат и зошто Еспозито им кажувал на роднините и пријателите дека секое утро е зафатен со работа и дека тогаш не треба да биде вознемируван.
Дали новинарот на „Вашингтон пост“ Џамал Кашоги беше убиен со налог од Саудиска Арабија?


