Џамал Кашоги/фото:EPA-EFE/ALI HAIDER
Џамал Кашоги/фото:EPA-EFE/ALI HAIDER

Дали новинарот на „Вашингтон пост“ Џамал Кашоги беше убиен со налог од Саудиска Арабија?

Француски истражен судија ќе истражува дали Саудиска Арабија и нејзиниот престолонаследник Мухамед бил Салман имаат врска со убиството на новинарот на „Вашингтон пост“ Џамал ​​Кашоги кој беше убиен во 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул, објавија француските медиуми.

Истрагата доаѓа по години правни расправии околу тоа дали случајот треба или не треба да се прифати.

Тужбата ја поднесоа групи за заштита на човековите права и е против Кралството Саудиска Арабија и Мохамед бин Салман.

И Мохамед бин Салман и кралството се соочија со интензивна меѓународна врева поради убиството во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, за кое американските разузнавачки служби веруваат дека престолонаследникот е директно одговорен.

Новинарот Кашоги живееше на САД и критички пишуваше за богатото со нафта кралство во „Вашингтон пост“. Тој беше задавен, а потоа и распарчен во саудискиот конзулат.

Работодавачот на Кашоги, „Демократија за арапскиот свет сега“ (DAWN), и групата за човекови права „Триал интернешнл“ поднесоа петиција до француските судови за ова прашање за време на посетата на Мохамед бин Салман на Франција во јули 2022 година.

-Истражен судија од одделот за злосторства против човештвото сега ќе ја испита жалбата, потврди Националното француско обвинителство за борба против тероризмот за Франс Прес.

Потоа кон тужбата се приклучи организацијата за слобода на печатот „Репортери без граници“.

-Злосторството чиј жртва беше Џамал ​​Кашоги е гнасен злостор, одлучен и испланиран на највисоко ниво на саудиската држава, која погуби новинар кој беше дисидент и независен глас, рече Емануел Дауд, адвокат на Репортери без граници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот