Насловна страница на „Културен печат“ број 341

Излезе „Културен печат“ број 341 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 341, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (25-26.7.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Влатко Георгиев, композитор, продуцент, едукатор: Секојпат гледам да има доволно простор за експериментирање

– разговор со театарската режисерка Теодора Силјаноска од независниот театар „Вортекс“: Највредното што можеме да си го подариме едни на други е човечноста

– изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“ е културна меморија на Скопје составена од тажачки песни

– проектот „Скопје 63/63“ открива простор во кој минатото и сегашноста постојано се преплетуваат

– во Музејот на град Скопје на 26 јули ќе биде отворена изложбата „63 Години – Скопје 63“ на авторката Зоја Богдановска, кустос советник и историчар

– праизведбата на драмскиот текст „Вонземјани“ од Игор Кузмановски во режија на Васил Михаил ќе се одржи на малата сцена во Македонскиот народен театар

– концертот на „Крафтверк“ во Скопје е ретка можност да се биде дел од музичката историја

– Националната галерија на Македонија го најави отворањето на изложбата „Од канон до индивидуален израз: Зографството и профаното сликарство во Македонија (19–20 век)“

– во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга од 24 јули до 5 август е поставена постхумна изложба со циклусот „Езерски брегови“, посветена на академскиот сликар Таки М. Павловски

– деновиве излезе од печат „Monologue of the Soul“, најновата стихозбирка на проф. д-р Александар Сандевски

– издавачката куќа „Или-или“, како јубилејно 250-то издание во едицијата „ПРОаЗА“, го објави романот „Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова

– романот „Експозиција на темнината“ од Марко Грегур излезе во превод на Сашо Огненовски и во издание на „Перун Артис“ од Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот