Камерниот ансамбл „Алтус“ ќе изведе дела од современи композитори на „Скопско лето“
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје извести дека во рамките на „Скопско лето“ на 24 јули (петок), со почеток во 20:30 часот, во „Салон 19:19“ при Културно-информативниот центар, ќе се одржи камерен концерт на „Алтус НЗ Ансамбл“, насловен „Континуитет“.
Препорачано
Во составот на ансамблот учествуваат: Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Мартин Димитров – виолина, Александар Лаовски – виола, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано, Roman Petiot – гитара, Pascal Gallois – уметнички директор.
Диригент е Ана Спасовска, а на програмата ќе бидат изведени дела од Андовска, Капле, Конесон, Де Фаља, Пјацола, Равел, Сен-Санс, Шахов, Спировски, Темков, Вила-Лобос и Зографски.
Ансамблот „Алтус / Нов здив“ е проект од особено значење за националната култура како ансамбл кој се грижи за изведбата, афирмацијата и зачувувањето на класичното и современото музичко творештво во Македонија. Членовите на ансамблот се истакнати изведувачи кои следејќи ги стапките на домашните пионерски ансамбли, потребата за домашна и меѓународна афирмација на македонското творештво ја остваруваат со формирањето на „Алтус“.


