На концертот ќе настапат Алумни на ФМУ

Концерт по повод 60 години Факултет за музичка уметност ќе се одржи на фестивалот „Охридско лето“

Во рамките на фестивалската програма на „Охридско лето“ на 21 јули со „Алумни – концерт“ ќе се одбележат 60 години Факултет за музичка уметност при Универзитетот „Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје.

Во катедралната црква „Света Софија“ ќе настапат Kатерина Костадиновска – Гелебешева, Глигор Гелебешев, Кристина Светиева, Милена Арсовска, Весна Гиновска Илкова, Златко Мадевски, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Надица Ристиќ – Симовиќ, Дарко Багески и Јанинка Навчева.

На програмата се дела од композиторите Морлачи, Пуланк, Лист, Лалие, Белини, Верди, Фон Супе, Хачатурјан и Пјацола. Почетокот на концертот е во 21 часот.

Мрежата „Алумни“ има за цел да ги поврзе сите генерации студенти и да создаде платформа за континуирана соработка, размена на искуства и поддршка во професионалниот и личниот развој. Таа овозможува и поврзување со стопанството, образовните и истражувачките институции на национално и на меѓународно ниво.

Преку оваа мрежа, поранешните студенти можат да останат во контакт со своите колеги и професори, да се вклучат во различни иницијативи и активности, да придонесат кон унапредување на универзитетската и пошироката академска заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот