Камерен концерт со премиерни изведби на две дела и ретко изведуваната Соната од Равел ќе се одржи на „Скопско лето“
Во Музејот на град Скопје на 20 јули (понеделник), со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи камерен концерт со наслов „Дуо виолина и виолончело со премиерни изведби на две дела и ретко изведуваната Соната од М. Равел“ на Марко Поп Ристов – виолина (Македонија) и Исак Харачиќ – виолончело (Босна и Херцеговина).
Препорачано
Во рамките на фестивалот „Скопско лето“, Марко Поп Ристов и Исак Харачиќ носат програма која ги поврзува современите музички изрази со камерната музичка традиција.
Покрај делото „In the Web“ од Беата Содерберг, публиката ќе има можност да слушне и нова композиција од македонската композиторка Дарија Андовска, напишана за виолина и виолончело.
Програмата ја заокружува Сонатата за виолина и виолончело од Морис Равел – дело што претставува едно од најзначајните остварувања во камерната музика на XX век. Концертот создава простор за средба меѓу современиот музички јазик и класичното наследство.


