Лепенец/ Фото: Слободен печат- Методи Здравев

ФОТО | Водата во Лепенец денеска е навидум чиста, јавноста чека одговор за вчерашното загадување

По Лепенец денеска повеќе не тече бела пена, реката навидум изгледа чиста и на неа од утрово можеа да се забележат и рибари.

Но, дали е тоа така треба да покажат испитувањата на водата, кои уште вчера ги најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, но до овој момент нема информација што се случуваше на реката.

Имено, вчера попладне местото каде што Лепенец се влева во Вардар беше прекриено со необична бела и пенлива материја, која пловеше по реката.

По Лепенец тече бела пена/ Фото: Канал 5

Ѓорѓиевски посочи дека градските инспекциски служби веднаш излегле на терен, а дека дополнително ги контактирале и инспекциските служби на Министерството за животна средина, кои исто така излегле на терен.

ФОТО: Чудна бела пена извира од канал крај Вардар во Скопско, итно се анализираат примероци

Дополнително, од страна инспекциските служби на град Скопје, беше пуштен и дрон за детектирање на причинителот на оваа појава, а службите од ЈП ,,Водовод и канализација” беа повикани за да земат примероци од реката и веднаш ги испитаат и утврдат за каква материја станува збор – рече градоначалникот.

Тој најави дека веднаш штом се добијат подетални информации од Министерството кое е надлежно за разрешување на состојбите јавноста ќе биде информирана за состојбата на реката.

Погледнете како изгледа Лепенец денеска:

Лепенец/ Фото: Слободен печат- Методи Здравев
Лепенец/ Фото: Слободен печат- Методи Здравев
Лепенец/ Фото: Слободен печат- Методи Здравев

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот