Хути во Јемен / Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Саудиска Арабија изврши напади врз Јемен, Хутите се заканија дека ќе се одмаздат

Саудиска Арабија изврши воздушни напади врз  Хутите во јеменскиот пристанишен град Ходеида и на блискиот остров . Нападите се одговор на поморската блокада наметната од групата поддржана од Иран и нејзините напади врз саудиските бродови. Саудиските власти подоцна издадоа вонредни предупредувања за покраината Џизан откако Хутите ја презедоа одговорноста за ракетен напад врз истоимениот град, пишува Би-Би-Си.

Медиумската мрежа на Хутите, Ансаролах, објави рано утрово на Телеграм дека „јеменски ракетен напад“ предизвикал пожари во саудискиот град Џизан. Хутите се заканија дека ќе се одмаздат за вчерашните саудиски напади врз цели во Јемен.

Нападите врз цивилни цели „нема да останат неказнети“, објави новинската агенција Саба, контролирана од Хутите.

Во исто време, американската армија објави дека пукала врз танкер во Оманскиот Залив и го онеспособила. Во соопштението за медиумите се наведува дека бродот се обидел да ја избегне американската блокада на иранските пристаништа. Ова е втор комерцијален брод што американската војска го онеспособила откако повторно ја воведе блокадата.

Го онеспособивме танкерот откако екипажот се обиде најмалку четири пати да ја пробие блокадата“, изјавил за АФП портпаролот на Централната команда на САД, додавајќи дека екипажот бил неколку пати предупреден  но не ги следел упатствата.

Вчера Иран објави дека извршил напади со беспилотни летала врз американски воени објекти и бази низ Блискиот Исток, со објаснување дека тоа е одмазда за  американски напади врз земјата, кои траат веќе 13 ноќи.

Зборувајќи со новинарите во Белата куќа во петокот, американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови напади, но нагласи дека преговорите продолжуваат.

„Разговараме со нив. Мислам дека се сериозни. Мислам дека се најсериозни досега, но тоа не значи дека ќе постигнеме договор“, изјави тој.

ВИДЕО | Ирански генерал: САД го употребија секое оружје што го чувале за Третата светска војна

Запрашан за стратегијата за излез од конфликтот со Иран, Трамп одговори:

„Постои воена опција, според која ние само продолжуваме да го правиме она што го правиме и можеме да го зголемиме интензитетот и да уништиме сè што имаат. И постои попаметна стратегија, а тоа е да се постигне договор“.

Сепак, тој додаде: „Сè е подготвено и оружјето е наполнето. Чекаме наредба.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот