Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе
Поради катастрофалните шумски пожари што беснеат во југозападна Европа, властите во Франција и Шпанија наредија евакуација на повеќе од 220.000 луѓе, објави Би-Би-Си. Само во Франција, речиси 60.000 жители мораа да ги напуштат своите домови во близина на Бордо, а претседателот Емануел Макрон ја ангажираше и војската во борбата против огнената стихија.
Препорачано
Во меѓувреме, ситуацијата е драматична и во Шпанија, каде што три големи пожари западно од Мадрид се споија во еден огнен фронт што пожарникарите повеќе не можат да го контролираат. Шпанската влада прогласи вонредна состојба на национално ниво, а со евакуацијата на 25.000 луѓе, на речиси 40.000 жители им беше наложено да не ги напуштаат своите домови.
Во југозападна Франција, во регионите Жиронд и Ланд, властите евакуираа околу 200.000 луѓе. Рано утрово, четири градови во близина на Бордо со вкупно население од 58.400 жители – беа евакуирани како мерка на претпазливост.
Пожарот во Жиронда проголта повеќе од 19.000 хектари шума и уништи околу осумдесет куќи. Властите, исто така, го евакуираа целиот полуостров Кап Ферет, популарна туристичка дестинација, од која стотици луѓе избегаа со бродови.
Шефот на противпожарната служба Марк Вермелен соопшти дека условите се потешки отколку за време на катастрофалните пожари во 2022 година, бидејќи сушата дозволува пожарите да се шират преку ноќ.
„Никогаш не сме виделе пожар од ваков размер“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез за телевизијата TF1, додавајќи дека околу 50 пожарникари се повредени. Тој изјави дека самиот пожар создава услови за сопствено ширење и го менува својот правец, а ввчера вечер се движеше кон исток, во правец на Бордо. „
Појужно, друг голем пожар во близина на Бискарос во регионот Ланд принуди повеќе од 23.000 луѓе да ги напуштат своите домови, кампови, дом за стари лица и летен камп. Градоначалникот на една од најтешко погодените области, Леж-Кап Ферет, Филип де Гоневил, рече дека регионот е и половина ден се соочува со екстремно време, без дожд и со надпросечни температури. температури.
Францускиот претседател Макрон ја опиша ситуацијата како „многу напната“, особено во Жиронда, и потврди дека Франција го активирала механизмот за цивилна заштита на Европската Унија и дека ќе добие засилување.
Во Шпанија, претседателката на регионот Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо, ја опиша ситуацијата како „најлошиот пожар во историјата на регионот“, кој се соочува со „совршена бура“ од високи температури, постојани ветрови и конвергентни фронтови на пожар.
„Пожарот е на својот врв и пожарникарите не можат да го локализираат во моментов“, изјави за новинарите Карлос Новило, раководител на службите за итни случаи на регионалната влада на Мадрид. Затоа беше ангажирана Воената единица за итни случаи (UME) за да се обиде да го запре напредокот на пламените јазици. Властите исто така стравуваат дека голем пожар во близина на Бургохонда во соседната покраина Авила би можел да се спои со оној во Мадрид, а министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка рече дека се презема „сè што е можно“ за да се спречи ова.
Осум општини беа евакуирани, а неколку други градови се под полициски час.
Франција зафатена од големи пожари — евакуирани над 20 илјади луѓе
Европската унија испрати авиони и хеликоптери за да им помогне на Шпанија и Франција, додека голем дел од јужна Европа се бори со топлотни бранови и долготрајна суша.
Потоплите и посувите услови ја сушат вегетацијата што лесно се запалува и им овозможува на пожарите брзо да се шират. Иако пожарот сè уште бара искра – најчесто предизвикана од човечка активност или удар од гром – екстремната топлина и силните ветрови ги прават пожарите побрзи и многу потешки за локализирање.


