Во наредните месеци ќе се пуштат делниците со тунели и галерии на автопатот Кичево-Охрид
Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска изврши увид во градежните активности на автопатот Охрид-Кичево, проект кој според него се реализира со забрзана динамика.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што рече Николоски две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи, а паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите.

Тука се работат осум галерии коишто се навистина еден голем инженерски потфат. Позади нас имаме три галерии коишто се веќе во завршна фаза — две можам да кажам дека се целосно завршени и на третата интензивно се работи. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите, со што за неколку месеци од денес овој дел од автопатот ќе биде функционален и ставен во функција. Бројките се навистина импресивни. Само овие три галерии коишто се позади мене се во должина од 1 километар и 100 метри, додека тунелите ќе бидат најдолги во Македонија, едната цевка во должина од 2 километри, другата цевка во должина од 2 километри и 100 метри, како што кажав, најдолги тунели во Македонија, а галериите за првпат од овој тип се изведуваат не во Македонија, туку во целиот регион – изјави Николоски.

Тој додаде дека изгрaдбата на галериите било најдоброто решение за стабилизација на земиштетo, што на терен се покажува како ефикасно решение и најави дека наскоро ќе се пуштат нови делници за сообраќај.
Павле Гацов: Иднината на македонскиот пензиски систем влегува во „офсајд“
Ова беше најпаметното и најдоброто решение за стабилизација на земјиштето. За да ја заштитиме трасата, за да имаме безбедно возење, овие инженерски чуда коишто се позади нас беа најдоброто решение. Ова беше напуштен проект, ова беше проект во којшто никој не веруваше, но еве го, веќе се гледа крајот, веќе имаме 34 километри на коишто се вози, а во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите – истакна Николоски.


