Фото: НАТО

Уапсена стажантка во НАТО во Белгија поради шпионажа

Канадска државјанка, која стажирала во објект на НАТО во Белгија, е уапсена под обвинение за шпионажа, објавија белгиските обвинители во саботата.

„Таа е осомничена за шпионажа во име на трета земја и за членство во криминална организација“, објави обвинителството, а пренесе Индекс.хр.

Разрешен е главниот обвинител на Хашкиот суд Карим Кан, кој издаде налог за апсење на Нетанјаху

Како што е соопшено, дополнителни детали за жената, вклучително и нејзиното име, нема да бидат објавени во овој момент.

Обвинителството информира дека осомничената била стажантка во Воената команда на Алијансата (SHAPE) во белгискиот град Монс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот