Фото: Скопско астрономско друштво

Вечерва од градскиот плоштад ќе се набљудуваат кратерите на месечината

Скопското астрономско друштво вечерва организира јавно астрономско набљудување на месечината од плоштадот „Македонија“.

Од 19 до 22 часот, во близина на фонтаната, ќе бидат поставени телескопите на друштвото преку кои ќе може да се видат кратерите на Месечината.

Дојдете со вашите пријатели или со семејството и искористете ја можноста одблизу да ги погледнете кратерите на месечината низ нашите телескопи. Членовите на друштвото ќе бидат присутни за да одговорат на вашите прашања и да ве запознаат со интересни факти за ноќното небо, велат од Скопското астрономско друштво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот