ФОТОГАЛЕРИЈА | Брмчат пилите во Градски парк, се расчистуваат паднатите дрвја
Градските претпријатија веќе петти ден откако се случи страотното невреме во Скопје го расчистуваат градот од паднати дрвја и лимени покриви.
Препорачано
Во некои од општините, каде последиците што ги остави силниот ветар беа помали,отстранувањето на паднатите стебла и гранки е завршено, но во општина Карпош која беше тешко погодена од невремето и денеска продолжија активностите за расчистување.
Карпош е една од најпогодените општини, со голем број материјални штети, но со добра координација, ангажман и посветена работа на сите служби, правиме максимални напори што е можно побрзо да го ослободиме јавниот простор од паднати дрвја, оштетени кровови и други последици од невремето. Наш приоритет е безбедноста на граѓаните и што побрзо враќање на нормалното функционирање на јавниот простор – информираа од Општината.
До крајот на мај Кисела Вода ќе добие затворен пливачки базен
Низ Карпош се уште низ тревниците има останато паднати дрвја, бидејќи најпрво беа отстранети тие кои го попречуваа сообраќајот.
Денеска се расчистуваше и во Градски парк, каде исто така настрадаа многу стари, повеќедецениски дрвја.
За тоа што се случуваше денеска во паркот погледнете од галеријата на фоторепортерот на „Слободен печат“ Методи Здравев.









