Селест Ривас Хернандез/Д4вд/Фото: Профимедиа/Принтскрин/Инстаграм

„Што ако абортусот не успеал?!“: Објавени вознемирувачки пораки меѓу обвинетиот пејач и убиеното 14-годишно девојче

Пораките меѓу американскиот пејач Д4вд кој е обвинет за убиство на 14-годишната Селесте Ривас Хернандез, беа претставени на прелиминарното рочиште во Лос Анџелес. Обвинителството тврди дека преписката покажува дека девојчето забременило и абортирало, додека обвинетиот пејач ја негира вината за убиство и сексуална злоупотреба на малолетничка.

Новото рочиште во Лос Анџелес откри вознемирувачки детали од пораките пронајдени на мобилниот телефон на музичарот Д4вд обвинет за убиство на 14-годишната Селесте Ривас Хернандез.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KTLA 5 News (@ktla5news)


Обвинителите претставија докази кои покажуваат дека пејачот и девојчето се запознале кога таа имала 11 години, а  сексуално почнал да ја злоставува кога имала 13 години. Д4вд имал 18 години во тоа време.

Од комуникацијата што ја претставија обвинителите, се чини дека тинејџерката била бремена и дека таа ја прекинала бременоста пред да биде убиена.

Според наводите на обвинителството, музичарот ја убил тинејџерката откако таа се заканила дека ќе открие дека злоупотребувал малолетничка и со тоа ќе му ја уништи кариерата.

Тој се изјаснил дека не е виновен по ниту една точка од обвиненијата, вклучувајќи убиство и сексуален злоставување, пишува Би-би-си.

Д4вд, чие вистинско име е Дејвид Ентони Бурк, се здоби со слава на Тикток со вирални хитови. Тој беше на турнеја кога полицијата го пронајде телото на Селесте во багажникот на неговиот автомобил Тесла во септември 2025 година – ден откако таа ќе наполнеше 15 години. Веста за неговото апсење беше објавена во април оваа година.

„Што ако првиот абортус не успеал?“. Селест му испратила порака на Бурк во јуни 2024 година, соопштија обвинителите. Во тоа време таа имала 13 години, а тој 19.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E! News (@enews)


Во пораките од јануари 2024 година, Бурк ѝ се извинил на тинејџерката поради сè низ што поминувала. Таа му одговорила дека никој од нив не е способен да се грижи за детето и дека ова е најдоброто решение.

Бурк потоа ја прашала: „Мајка ми секогаш ми велеше дека ако некогаш се најдам во ваква ситуација, да поставам едно прашање… Детето е мое, нели?“ Селесте, според сведочењето на детективот, одговорила „секако дека е твое, Дејвид“.

Во друга порака, испратена во јуни 2024 година, Бурк ѝ напишал: „Нека ова биде последниот абортус пред да имаме дете“.

Обвинителите презентираа податоци од ајклауд од ајфонот на обвинетиот, на кои се прикажани пораки меѓу него и Селест кои датираат уште од 8 август 2022 година, кога таа имала 11, а тој 17 години.

Уредот што му припаѓал на Бурк, исто така, содржел фотографии од тинејџерката во текот на сексуалното злоставување, рекле вчера обвинителите и детективот.

Мајката на жртвата, Мерцедес Ривас Хернандез, станала видливо емотивна и ја напуштила судницата со својот сопруг додека во текот на постапката биле опишувани деталите за некои од фотографиите. Во мобилниот телефон на Бурк се пронајдени и разговори за заедничко живеење, што ја нарекле „Операција фантастично“.

Обвинителите тврдат дека Д4вд и Селесте се расправале ноќта пред нејзината смрт, наводно поради врските на пејачот со други жени.

Лекарот што ја извршил обдукцијата сведочел дека било „исклучително тешко да се каже“ точно кога Селесте починала поради состојбата на распаѓање во која се наоѓала кога биле пронајдени нејзините останки.

Фарел, полицискиот детектив, сведочел дека ДНК земена од крвта пронајдена во домот и гаражата на Бурк во Холивуд Хилс се совпаѓа со онаа на Селесте.

Семејството го пријавило исчезнувањето на тинејџерката пет месеци пред нејзините останки да бидат откриени во автомобилот на пејачот. Тие пријавиле дека последен пат била видена во неговата куќа.

Обвинителите рекле дека ја запознал Селесте преку интернет кога имала 11 години и почнал сексуално да ја злоупотребува кога имала 13, а тој 18 години.

Се појавија морничави детали за 15-годишната девојка која беше пронајдена мртва во багажникот на пејачот Д4вд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот