Фото: Profimedia/Инстаграм

Се појавија морничави детали за 15-годишната девојка која беше пронајдена мртва во багажникот на пејачот Д4вд

Полицијата во Лос Анџелес изврши претрес на куќа во Холивуд Хилс, каде што наводно живеел 20-годишниот пејач Д4вд, со вистинско име Дејвид Ентони Бурк, откако во багажникот на неговата Тесла беше пронајден трупот на 15-годишната Селест Ривас Хернандез.

Овој страшен случај се истражува како убиство, а полицијата сè уште нема именувано осомничен или лице од интерес.

Еден од поранешните учители на Селест Ривас, кој ја подучувал во училиштето „Лејленд вилиџ“ во Лејк Елсинор, им открил на учениците дека бил свесен за нејзините проблеми со изостаноци, но не знаел ништо за нејзиниот приватен живот. Учителот покажал фотографија со Селест пред училишен постер и рекол дека девојката „исчезнала уште додека тој ја подучувал“.

Селест првпат исчезнала на почетокот на 2024 година, откако наводно се запознала со пејачот Д4вд на социјалните мрежи. Учителот тврди дека тогаш побегнала во Холивуд со него, но полицијата ја пронашла и ја вратила кај нејзината мајка. Второто исчезнување се случило во мај 2024 година, а сè до оваа недела учителот не знаел што се случило со неа.

Освен врската преку социјалните мрежи, полицијата пронашла и други поврзаности помеѓу Д4вд и Селест. На интернет почнала да кружи песна што ја снимил Д4вд, во која двапати го споменува името „Селест“.

„О, Селест, девојката со моето име истетовирано на градите, го чувствувам нејзиниот мирис на мојата облека како цигари“, пеел тогаш.

Фотографии и видео материјали, исто така, го покажуваат пејачот во близина на живеалиштето на семејството Ривас, како и со девојка која потсетува на 13-годишната Селест.

Уште еден чуден детаљ е тетоважата на десниот показалец на Селест, на која пишува „Shhh…“, слично како тетоважата што ја има Д4вд. Мајката, исто така, изјавила дека нејзината ќерка пред да исчезне излегувала со некого по име Дејвид, како што објави Ти-ем-зи.

Д4вд е на турнеја од 15 август и, според изјавата на неговиот портпарол за Ен-би-си 4, „соработува со властите“. Пејачот во меѓувреме го откажа концертот во Сиетл и привремено ја прекина турнејата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот