Mаријано Дијаз/EPA/Mariscal

Со Реал Мадрид освои две титули во Лига на шампиони, а сега ќе игра во Хрватска

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Маријано Дијаз, е на чекор до трансфер во хрватскиот прволигаш Истра, каде што би требало да настапува како позајмен фудбалер од шпанскиот Алавес.

Според информациите на хрватскиот „Тпортал“, преговорите меѓу двата клуба, кои се дел од групацијата Басконија-Алавес, се во завршна фаза. Со оглед на долгогодишната блиска соработка меѓу нив, ваквиот трансфер не претставува изненадување.

Доминиканскиот напаѓач не успеа да се избори за поголема минутажа во Реал Мадрид, по што се пресели во Лион, каде што блесна со 18 голови во француската Лига 1. Тоа беше доволно „кралскиот клуб“ повторно да го врати на „Сантијаго Бернабеу“, плаќајќи 21,5 милиони евра за неговите услуги.

Сепак, вториот престој во Реал не ги оправда очекувањата. Од неговото враќање во 2018 година постигна само шест погодоци, а во изминатата сезона одигра 10 натпревари за Алавес во шпанската Ла Лига без да се запише меѓу стрелците. Во последните години често се соочува со повреди, кои значително влијаеја врз неговата форма.

Истра бара замена за Смаил Превљак, кој по одличната сезона направи трансфер во Динамо Загреб, а во клубот веруваат дека искусниот Дијаз може да ја пополни празнината доколку успее да ја врати формата што ја прикажуваше во Лион и во најдобрите моменти во дресот на Реал.

Во текот на кариерата за мадридскиот гигант, Дијаз одигра 84 натпревари и постигна 12 голови. Со Реал освои три титули во шпанското првенство, два трофеи во Лигата на шампионите, две светски клупски првенства, како и по еден Суперкуп на Европа, Суперкуп на Шпанија и Куп на Кралот.

Доколку трансферот биде реализиран, Маријано Дијаз без дилема ќе биде едно од најзвучните имиња што некогаш го носеле дресот на Истра.

Спортскиот арбитражен суд објави кога ќе одлучува за шампионот на Африканскиот куп на нации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот