Жена гази куче / Фото: принтскрин / Фејсбук/ Марта Дармановиќ

Ќерката на жената која прегази куче од Улцињ тврди: Шарпланинецот го распарчи нашето куче и нè нападна

Ќерката на жената од Македонија која беше уапсена во Улцињ, откако со автомобил прегази куче, тврди дека шарпланинецот најпрво го нападнал и усмртил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на семејството.

-На видеото се гледа и нашето мало куче Shih Tzu кое е усмртено од шарпланинец преку 50 килограми тежок кој влезе во нашиот апартман, го распарчи нашето куче пред наши очи додека не постоеше начин да го одбраниме и да му помогнеме бидејќи станува збор за крволочно куче кое подоцна не нападна и нас и мојот малолетен брат. Шарпланинецот е удрен за да го оттргне од мене и од моето куче кое почина – рекла ќерката во разговор за телевизија Сител.

Таа додала дека шарпалнинецот имал сопственик, кој по настанот со толпа негови пријатели им се заканувал пред апартманот.. Тврди дека прегазувањето било обид жената да ги одбрани децата и своето милениче.

Обвинителството во Улцињ попладнево соопшти дека на жената ѝ е одредено 72-часовно задржување и дека е осомничена за кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Жена од Македонија со кола ѕверски уби куче на улица во Црна Гора — сакала да бега, но ја фатиле на граница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот