Жената од Македонија која ѕверски прегази куче, заврши во полициски притвор од 72 часа во Улцињ
Обвинителството во Улцињ ѝ одреди притвор до 72 часа на жената од Македонија, која прегази куче, инцидент кој беше објавен на социјалните мрежи,поради сомнение дека сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, објави Радио телевизија Црна Гора.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Осомничената, според истрагата, го прегазила и го убила кучето шарпланинец на сопственикот со возило „Мерцедес“ во близина на булеварот Теута. Таа беше уапсена вчера во Црна Гора откако било пријавено дека со својот автомобил прегазила куче во населба во Улцињ. По инцидентот таа се обидела да избега од Црна Гора, но била фатена на граница.
Полицијата во Улцињ околу 16:00 часот добила пријава дека едно лице прегазило куче кое имало сопственик. Многу брзо го пронашле возилото и го идентификувале женското лице кое го управувало автомобилот, државјанка на Северна Македонија, која била спроведена во просториите на ОБ Улцињ.
На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео, на кое се гледа како кола прегазува куче Шарпланинец, а зад возилото има и уште едно мртво куче. Според неофицијални информации, станува збор за кучето на уапсената жена, кое било нападнато и усмртено од тој шарпланинец.


