Виктор Орбан / Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Орбан: Унгарија стана новата Венецуела, само без нафтено богатство

Поранешниот унгарски премиер, Виктор Орбан, ја критикуваше сегашната влада, споредувајќи ја денешна Унгарија со авторитарниот режим во Венецуела.

Како што наведува, овие паралели му ги посочиле неговите американски сојузници, по што самиот заклучил дека во Јужна Америка се развил политички модел на кој „европската левица му се восхитува со децении“. Според него, тој модел претставува опасна мешавина од комунистичка идеологија, политичка самоволност и економска репресија.

Белорусија ја предупредила Полска за можна терористичка закана

Тој тврди дека таков систем сега за прв пат целосно се воспоставува на европска почва – токму во Унгарија, додека само некои од неговите елементи претходно биле видени во Полска.

 Унгарија стана новата Венецуела, само без нафтеното богатство – рече поранешниот премиер.

Тој испрати особено остра порака до новоформираните државни власти, споредувајќи ја Националната администрација на Унгарија за враќање и заштита на државниот имот со АВХ – озлогласената тајна полиција од ерата на комунистичката диктатура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот