Фото: FC Struga

Одложен е почетокот на еден од двата денешни натпревари во ПМФЛ

Првото коло од новата сезона во македонската Прва лига продолжува денеска со уште два натпревари, но еден од нив нема да започне во предвидениот термин.

Фудбалскиот клуб Струга преку своите официјални канали соопшти дека дуелот против Шкендија Арачиново ќе стартува со задоцнување од најмалку 30 минути. Наместо во 17:00 часот, почетниот свиреж се очекува околу 17:30 часот.

За Шкендија Арачиново ова ќе биде историски настап, бидејќи тимот за првпат ќе игра натпревар во најсилното македонско фудбалско првенство.

Во истиот термин, според распоредот, ќе се одигра и пресметката на Националната арена „Тодор Проески“, каде што Вардар ја пречекува Брегалница. За овој натпревар засега нема никакви промени и почетокот останува закажан за 17:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот