Фото: Atletico Madrid

Атлетико се засили со европски шампион и го доби првиот Кореец во својата историја

Атлетико Мадрид и официјално го претстави едно од своите најголеми летни засилувања. Нов фудбалер на шпанскиот гигант е јужнокорејскиот репрезентативец Канг-Ин Ли, кој пристигнува од редовите на ПСЖ.

Клубот потврди дека офанзивниот играч потпишал договор со „јорганџиите“ до 30 јуни 2031 година, а според шпанските медиуми, трансферот е вреден околу 40 милиони евра.

Канг-Ин Ли беше претставен на стадионот „Ванда Метрополитано“, каде што позираше со новиот дрес. Тој ќе го носи бројот седум, кој досега беше резервиран за францускиот ас Антоан Гризман.

Со ангажманот на 24-годишниот Канг-Ин Ли, Атлетико Мадрид добива дополнителен квалитет во офанзивниот дел од тимот, а исто така тој ќе биде и првиот Кореец кој ќе го носи дресот на „јорганџиите“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот