Фото: Принскрин

ВИДЕО | Пожар во рафинерија во Сибир по напад со украински дрон

Напад од украински дрон предизвика пожар во рафинерија во Тјумен, во Западен Сибир, објавија денес локалните власти, пренесе Ројтерс.

Рафинеријата се наоѓа на повеќе од 2.000 километри од границата со Украина.

Официјалниот капацитет на рафинеријата е околу осум милиони тони годишно, пишува Ројтерс.

И руските и украинските сили напаѓале цели во текот на ноќта – загинале најмалку три лица

Се проценува дека рафинеријата годишно преработува околу шест милиони тони сурова нафта, произведувајќи околу половина милион тони бензин и 2,5 милиони тони дизел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот