Откриени нови детали: Меси место за Аргентина можел да заигра и за Бразил или Италија
Ново историско истражување донесе интересни сознанија за семејното потекло на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси. Историчарот Фјоренцо Сантини, по тригодишна работа, открил дека потеклото на Меси од страната на неговата мајка води од Бразил.
Препорачано
Според неговите наоди, прадедото на Меси, Федерико Кучитини, е роден на 27 јануари 1904 година во Рибеирао Прето, град во бразилската сојузна држава Сао Паоло. Тој е татко на Селија Марија Кучитини, мајката на славниот фудбалер.
Истражувањето покажува дека семејството Кучитини првично живеело во Италија. Прапрадедото на Меси, Ранијеро Кучитини, роден во Сан Северино Марке, кон крајот на 19 век, заедно со сопругата Роза, се преселил во Бразил во потрага по подобар живот. Во државата Сао Паоло работел како земјоделец, а таму им се родиле и двете деца, Ерминија во 1900 година и Федерико четири години подоцна.
Неколку години подоцна семејството го напуштило Бразил и се преселило во аргентинскиот град Росарио, каде што подоцна е роден и Лионел Меси.
Иако светскиот шампион е роден во Аргентина и целата своја репрезентативна кариера ја изгради во дресот на „гаучосите“, неговите семејни корени се поврзани со Италија и Бразил. Поради тоа, според правилата за државјанство и потекло, Меси теоретски можел да стекне право да настапува и за репрезентациите на Бразил или Италија, а не само за Аргентина.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: A three-year investigation by historian Fiorenzo Santini, published by Globo, claims that Lionel Messi has Brazilian roots! 🇦🇷🇧🇷
According to the report, Messi’s great-great-grandfather moved from Italy to Brazil in 1899 before the family later moved to… pic.twitter.com/8LsCDerZxz
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) July 24, 2026


