Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Фудбалерка во Бразил среде натпревар шутираше противничка во глава

Голем скандал го одбележа натпреварот од општинското првенство во женски футсал во бразилскиот град Еузебио, по кој една фудбалерка доби висока казна и ќе биде надвор од терените во следните пет години.

Инцидентот се случил на дуелот меѓу РДЈ Спорт и РСН, одигран на 22 јули, кога по еден жесток дуел на паркетот избувнала физичка пресметка.

Фудбалерка РСН, која настапувала со бројот 10, најпрво ја оттурна и собори својата противничка, а потоа, додека таа лежеше на земја, ја удираше со нога во главата. При обидот да ја смири ситуацијата, уште една играчка беше ападната и доби удар во лицето.

Тензиите дополнително ескалирале кога во инцидентот се вклучиле и членовите на стручните штабови на двата тима, кои успеале да ја сопрат агресивната фудбалерка. Поради случувањата, натпреварот бил прекинат, а службено бил регистриран со победа од 1:0 за РДЈ Спорт.

По разгледувањето на извештаите од официјалните лица, организаторот на натпреварувањето донел најстрога дисциплинска одлука. Градските власти на Еузебио соопштија дека фудбалерката е суспендирана на пет години и во тој период нема да има право на настап во ниту едно натпреварување што се организира под капата на локалната футсал лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот