ФОТО+ВИДЕО | Која е сестрата на Грета Тунберг? Додека таа ја спасува планетата, МонаЛиза се занимава со нешто сосема друго
Сите знаат која е Грета Тунберг, неуморен борец за заштита на природата и биодиверзитетот, која уште како девојче храбро им одржа лекција на светските моќници, но малку се знае дека младата шведска активистка има сестра која се занимава со нешто сосема друго. Беата МонаЛиза се определила за музиката и се подготвува за освојување на топ листите, а во новото интервју објаснила, меѓу другото, и поради што зела необично уметничко име.
Препорачано
View this post on Instagram
Таа има 20 години и одлучила кариерата да ја гради со сопствени ресурси, а не со помош на презимето кое веројатно би ѝ ги отворило сите врати. Храбро, би рекле многумина. Бидејќи не постои човек кој не знае која е Грета Тунберг. Сепак, нејзината сестра Беата МонаЛиза е нешто друго. И тој „додаток“ нема никаква врска со познатата слика на Леонардо да Винчи, најголемата ѕвезда на Лувр.
„Родена сум со тоа име. Потекнува од мојата баба Мона и прабаба Лиза“, објаснила Беата за списанието „Интервју“.
View this post on Instagram
Дури го зела и презимето на нејзината мајка, Ернман, за самостојно да гради кариера.
Беата е пејачка, танчарка, актерка, манекенка, продуцентка, писателка, композиторка и кореографка. Таа е вљубена во музиката уште од раното детство. Обожавала да танцува и пее, што често ја правело цел на задевање.
„Настапував на училишни претстави, но сите мислеа дека сум здодевна“, се пожалила таа.
Младата уметница одлично се снаоѓа на полето на џезот, а вниманието го привлекла и со своите интерпретации на класични хитови како што се легендарната балада на Витни Хјустон „I Will Always Love You“ и шансоната „Hymne à l’amour“, која Едит Пјаф ја снимила во 1949 година. Тоа е, вели Беата МонаЛиза, нејзината омилена песна.
View this post on Instagram
Во моментот го завршува својот деби албум кој го опишува како „про-ЛГБТК+, против мачоизам“ проект. Јасно е зошто многумина ја сметаат за геј икона. На тој проект работи уште од 13-годишна возраст и се надева дека наскоро ќе го заврши.
„Постојано му се враќам и нешто менувам. Планирав девет песни, седум се веќе готови. Албумот зборува за слободата на идентитетот и јакнењето на жените“.
И додека едвај чека да зборува за музика, за славната сестра Грета Тунберг одбива да зборува.
„Не сум одговорна за животите на другите луѓе“, кратко изјавила Беата.
Сепак, интервјуто покажало дека двете делат неколку заеднички особини, пред сè, силен глас и силни убедувања. Беа истакнала дека често соработува со продуценти кои ѝ кажуваат како треба да пее.
„Сакаат да имаат чувство дека тие ме научиле да пеам. Млада жена која не се плаши да зборува за нив е многу провокативна, бидејќи настојуваат да имаат сè под контрола“.
Беата МонаЛиза, родена во ноември 2005 година, во моментот има повеќе од 24.000 следбеници на Инстаграм (Грета – речиси 17 милиони). Таа признала дека сонува за светска слава, но напоменала дека е многу поважно да имате обожаватели кои навистина ве разбираат.
View this post on Instagram
Долго време била на удар на критики и исмејувања поради сестрата, неуморната активистка, а и Грета Тунберг еднаш признала дека токму нејзиното семејство страдало најмногу од последиците од нејзините многу остри јавно делување. Во минатото Грета повеќепати ја фалела својата „исклучително талентирана сестра“ на социјалните мрежи. И Беата ја поддржува нејзината работа, што го докажуваат и бројните заеднички фотографии од демонстрациите.
ВИДЕО/ФОТО: Грета Тунберг на блокадата на Кожуф, заигра и оро со нашите активисти
Истурила боја во Големиот канал: На Грета Тунберг ѝ е забранет влез во Венеција


