Дали треба да бидете љубезни додека разговарате со вештачката интелигенција?
Советите за комуникација со четботови се различни. Истражувањата покажуваат необични резултати. Во една студија, кога ја натерале вештачката интелигенција да се преправа дека е лик од „Ѕвездени патеки“, таа станала подобра во математика. Но, што е со љубезноста?
Препорачано
Луѓето користат разни стратегии, од закани и љубезност, до барање ВИ да глуми експерт. Сепак, експертите тврдат дека повеќето од овие трикови не функционираат, пишува „Би-би-си“.
„Не се работи за изборот на зборови, туку за тоа како ќе го кажете она што се обидувате да го направите“, вели Џулс Вајт, професор на Универзитетот Вандербилт.

Пазете на однесувањето?
Во 2025 година, Сем Олтман (OpenAI) на шега одговори дека компанијата изгубила „десетици милиони долари“ за струја од луѓе што им велат „ве молам“ и „благодарам“ кога комуницраат со ВИ.
Јазичните модели (LLMs) ги делат зборовите на „токени“ и ги анализираат статистички. Истражувањата за љубезноста даваат спротивставени резултати. Имено, една студија од 2024 година покажа дека љубезните прашања носат попрецизни одговори, но со културни разлики, на пример, на јапонски, претераната љубезност давала полоши резултати. Друг тест, пак, покажа дека Четџипити бил попрецизен кога го навредуваат.
Експертите како Рик Батл нагласуваат дека поновите модели се многу подобри во препознавањето на суштината на барањето и не се подлижни на вакви ситни јазични варијации. ВИ не е човек, туку алатка што симулира човечко однесување.

Како поефикасно да разговарате со четбот
Ако користите ВИ, овие техники навистина функционираат:
Барајте повеќе опции- наместо еден одговор, побарајте 3 или 5 верзии. Ова ве тера критички да размислите кој избор е најдобар.
Давајте примери – наместо да давате долги правила („прави ова, не прави она“), приложете неколку ваши претходни текстови или е-пораки како примерок за стилот.
Барајте интервју- кажете ѝ на програмата да ви поставува прашања едно по едно сè додека не собере доволно информации за задачата.
Внимателно со играњето улоги (role-playing)- ако барате точни факти, кажувањето на ВИ дека е „професор“ може да ја направи премногу самоуверена и да предизвика погрешни фкти. Но, за креативни задачи, симулацијата (на пр. спремање за интервју за работа) е многу корисна.
Останете неутрални- Не го наведувајте одговорот (на пр. „се двоумам за овој автомобил“), бидејќи ВИ ќе се приклони кон вашето мислење.

„Ве молам“ и „благодарам“
Според истражувањата, дури 70 осто од луѓето се љубезни со ВИ, најчесто затоа што сметаат дека тоа е пристојно, а 12 отсто за да се заштитат во случај на „бунт на роботите“.
Иако тоа не ги прави одговорите попрецизни, филозофот Имануел Кант тврдел дека суровоста кон што било го прави самиот човек посуров. На крајот на денот, да се биде фин е добра навика што му користи на вашиот сопствен карактер.
Дали Четџипити може да биде обвинет за убиство? Флорида отвори истрага
„ОпенАИ“ најави Четџипити за здравје, ќе ги анализира вашите медицински податоци
Темната вистина зад секој разговор со Четџипити по последниот апдејт


