Фото: Принтскрин - X

ВИДЕО | Загина маж во Валенсија, евакуирани над 270 илјади луѓе во ужасните пожари во Шпанија и Франција

Маж на возраст од 78 години загина во шумски пожар во клисурата Манисес, во Валенсија, Шпанија, заробен во автомобилот во големите пожари што беснеат во Шпанија и Франција, јавува Би Би Си.

Според првичните информации, мажот имал намалена подвижност и наводно ја игнорирал наредбата за евакуација за да оди во својата градина. Градските власти на Манисес прогласија дводневна официјална жалост.

Видео снимено вчера во град во близина на Мадрид пак покажува колку брзо се шират големите пожари што во последните денови беснеат во Шпанија. Снимката, која трае околу осум минути, го прикажува пожарот како се спушта од рид низ сувата вегетација со огромна брзина и се приближува кон куќа.

На почетокот од видеото се гледа пожарот на оддалечена падина, додека густ чад се издигнува над ридскиот предел. Но, само неколку минути подоцна, пламените јазици се прошируваат по теренот и се приближуваат опасно блиску до куќата од која е снимено видеото.

Пожарите кај Мадрид се споија во еден голем пожар

Во близина на Мадрид, пожарите во областите Вила дел Прадо, Сан Мартин де Валдеиглесијас и Алморокс се споија во еден голем пожар, кој властите го нарекоа „Сиера Оесте“.

Иако условите малку се подобрија во текот на ноќта, пожарот сè уште не е ставен под контрола. Пониските температури, послабиот ветер и зголемената влажност им помогнаа на пожарникарите, но властите предупредуваат дека промената на насоката на ветерот може брзо да пренесе чад, пепел и нови жаришта во други подрачја.

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

Пожарите предизвикаа евакуации во делови од регионот на Мадрид и соседните области, а на жителите во некои населени места им е наредено да останат во затворени простории.

Пожарите избувнаа по период на екстремни горештини и суша, поради што вегетацијата е исклучително сува и лесно запалива. Токму тоа придонесува огнот да се шири со огромна брзина, што се гледа и на видеото.

Повеќе од 250.000 евакуирани во Франција и Шпанија

Според последните информации, повеќе од 270.000 луѓе се евакуирани во двете земји, Франција и Шпанија каде има незапамтени пожари досега.

Во Франција, пожарот што гори од средата во департманот Жиронд достигна „невидени размери“ и се шири кон пошироката област на Бордо. Во исто време, шпанските власти ги опишуваат пожарите околу Мадрид и во покраината Авила како „неконтролирани“.

Претседателката на Мадридскиот регион, Изабел Дијаз Ајусо, ги оцени како „најлошите пожари во историјата на Мадрид“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на платформата X објави дека пет авиони и два хеликоптери од европската спасувачка флота „rescEU“ се распоредени во Франција, додека четири авиони пристигнуваат во Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот