Фото: Screenshot

ВИДЕО | Страшна сцена на Тур де Франс: Американец за малку ќе паднеше во провалија

Американскиот велосипедист Сеп Кус беше на чекор од тешка несреќа на денешната кралска, 20. етапа на Тур де Франс, која се возеше низ алпските предели.

Кус во завршницата од етапата беше во водечката група, а на еден од ретките спустови се обиде да го зголеми темпото и да побегне од Ричард Карапас. Но, во еден момент за малку ќе завршеше во провалиј

При влегување во една десна кривина со преголема брзина, Американецот ја загуби контролата над велосипедот и удри во заштитниот ѕид кој го дели патот од стрмната карпа. За среќа, успеа да се запре без да падне преку заштитната мрежа и продолжи со возењето.

Инцидентот се случи само на метар или два од крајот на заштитната ограда, по што немаше ништо што би спречило негов стравичен пад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот