Леброн Џејмс / фото: EPA-EFE/RYAN SUN

Никој во историјата на НБА не заработил повеќе од Леброн

Леброн Џејмс продолжува да испишува историја и надвор од кошаркарските терени. Со најновиот договор, искусниот НБА ас ќе стане играчот со најголема заработка од плати во историјата на најсилната кошаркарска лига.

Според податоците на специјализираната платформа „Спотрак“, до крајот на сезоната 2026/27, вкупната сума што Џејмс ќе ја инкасира од НБА договори ќе достигне неверојатни 585 милиони долари.

На листата зад него се наоѓаат Кевин Дурент со заработка од 545 милиони долари, Стеф Кари со 532 милиони, Пол Џорџ со 460 милиони и Кавај Ленард, кој досега има инкасирано 426 милиони долари од договорите во НБА.

Во меѓувреме, агентот на Леброн, Рич Пол, за новинарот на „ЕСПН“, Шамс Чаранија, потврди дека кошаркарот договорил двегодишна соработка со Филаделфија, вредна осум милиони долари. Договорот содржи и играчка опција за втората сезона, а за претстојната натпреварувачка година се очекува Џејмс да заработи околу 3,88 милиони долари, што одговара на ветеранот минимум во НБА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот