Винисиус Жуниор/Мадрид/фото: EPA-EFE/Petteri Paalasmaa

Арсенал не се шегува, сака да го има трансферот на летото

Иднината на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид повторно е во центарот на вниманието, а англиските медиуми тврдат дека Арсенал внимателно ја следи ситуацијата околу бразилската ѕвезда.

Според „Атлетик“, лондонскиот клуб би можел да тргне по потписот на Винисиус доколку не биде постигнат договор за продолжување на соработката со Реал Мадрид. Иако засега нема официјални контакти меѓу двата клуба, интересот на Арсенал е сериозен и, како што се наведува, идејата за негов ангажман има поддршка од сите клучни структури во клубот.

Дополнителна неизвесност создава фактот што Винисиус влезе во последната година од актуелниот договор со „кралскиот клуб“. Во шпанските медиуми денеска се појавија информации дека преговорите за нова соработка се соочуваат со финансиски несогласувања, што ги поттикна шпекулациите за можен трансфер.

Бразилскиот репрезентативец досега има одиграно значајна улога во успесите на Реал Мадрид, а во дресот на шпанскиот гигант постигна 128 голови во сите официјални натпреварувања. Токму затоа, евентуалното заминување на Винисиус би претставувало една од најголемите трансфер-саги во европскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот