Фото: Shanghai Daily / @shanghaidaily / X / скриншот

ВИДЕО | Ветер однесе бебешко креветче од куќа во Кина — тајфунот Ноул избрка од дома 700.000 луѓе

Тајфунот Ноул, најсилниот што оваа година ја погоди Кина, удри на копно рано наутро по локално време во провинцијата Гуангдонг, носејќи големо уништување, јавуваат светските медиуми.

Повеќе од 715.000 луѓе, приближно колку целото население на Скопје, се евакуирани. Во Хонгконг се откажани околу 350 летови. Кина прогласи највисока тревога за поплави во неколку провинции, додека силните врнежи се очекува да траат до вторник.

На една снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како ненаеден удар на ветрот однесе бебешко креветче од куќа, додека родителите во последен момент ги спасија децата.

Претходно овој месец, тајфунот Баи донесе силен ветер и дожд во источна Кина и предизвика евакуација на над два милиони луѓе, откако удри на 11 јули. Друг тајфун, Мејсак, ја погоди јужна Кина на 3 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот