ВИДЕО | Драган Мијалковски со песна му оддаде почит на родниот град: „Скопје, радост моја…“
Денес, кога Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес, Драган Мијалковски сподели емотивна посвета за градот кој останал негова вечна инспирација. Легендарниот македонски пејач со стихови му се обрати на Скопје, градот во кој е роден и со кој го поврзуваат бројни спомени.
Препорачано
View this post on Instagram
Во песната Мијалковски ја опишува својата длабока врска со родниот град, потсетувајќи дека без оглед на времето и местото каде што се наоѓа, Скопје секогаш останува дел од него.
„Во тебе сум роден, во една дамна пролет, покрај Вардар, еден цветен сончев мај…
Скопје младост моја, Скопје радост моја, јас бескрајно те љубам со сите твои утра, закитени со роса.
Скопје песно моја, Скопје судбо моја, понекогаш те губам, но каде и да одам, во срцево те носам“, се дел од стиховите со кои пејачот му ја изразува љубовта на градот.
Посветата доаѓа во период кога Скопје се сеќава на еден од најтешките моменти во својата историја – катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Преку песната, Мијалковски потсетува на врската на скопјани со градот и спомените што ги носат од него.
Драган Мијалковски со децении е едно од најзначајните имиња на македонската музичка сцена и наследство. Неговата љубов кон Скопје често била присутна во неговите песни, а оваа посвета е уште едно потсетување на таа нераскинлива врска.


