Монако/Фото: SlimMars 13/Pexels

Во една европска земја не се плаќа данок на доход уште од 1869 година — секој трет жител е милионер

На брегот на Средоземното Море, сместена меѓу Франција и морето, се наоѓа втората најмала држава во светот, со површина од околу два квадратни километри.

Сепак, Монако е многу попознат по нешто што со децении ги привлекува најбогатите луѓе во светот – неговите жители не плаќаат данок на доход.

Данокот на доход бил укинат уште во 1869 година, во период кога кнежевството заработувало доволно од прочуеното казино во Монте Карло, па повеќе немало потреба да ги оданочува своите граѓани.

Таа одлука никогаш не била променета.

Денес државата најголем дел од приходите ги обезбедува преку данокот на додадена вредност, данокот на добивка на компаниите што работат надвор од земјата, како и преку приходите од туризмот и пазарот на недвижности.

Исклучокот што го потврдува правилото

Сепак, постои еден важен исклучок.

Француските државјани кои живеат во Монако, под одредени услови поврзани со датумот на нивното преселување, и понатаму плаќаат данок на Франција.

Тоа е последица на билатералниот договор од 1963 година, со кој Париз спречил масовно преселување на своите даночни обврзници преку границата.

Монако/Фото: Pexels/Jean-Paul Wettstein

Цената за влез

Сепак, тоа што во земјата нема данок на доход не значи дека животот во Монако е евтин.

Кнежевството има едни од најскапите недвижности во светот, а за добивање дозвола за престој потребно е да се докаже дека лицето располага со доволно финансиски средства и да депонира значителен износ на пари во банка во земјата.

Проценките покажуваат дека уделот на милионери меѓу жителите на Монако е најголем во светот.

Според најновите достапни проценки на „Q Wealth“, во Монако живеат околу 12.000 милионери, односно лица чиј нето имот надминува еден милион американски долари (при што не мора да биде вклучена вредноста на нивниот дом).

Тоа значи дека повеќе од 30 проценти од жителите на Монако имаат милионерски статус, што претставува највисока концентрација на милионери во светот.

Меѓутоа, просторот е толку ограничен што државата дел од својата територија буквално го проширила со насипување на морето, а тој процес продолжува и денес.

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот