Невреме во Ростов на Дон, Русија / фото: Икс / скриншот

ВИДЕО | Големо невреме го столчи Ростов: „Ова беше тајфун“, велат жителите на милионскиот руски град

Страотно невреме со пороен дожд и силен ветер го погоди рускиот град Ростов на Дон, а во ударот на бурата загина еден човек, додека 13 се повредени, јавија локалните медиуми.

Ветерот корнел дрвја, урнал далноводи и предизвикал голема штета на повеќе локации низ милионскиот град. Интервенирале службите за итни случаи и градските служби, кои работат на расчистување на последиците од невремето.

Илјадници луѓе останале без струја, а невремето кое протатни низ голема област предизвикало штета во 14 градови во Ростовскиот Регион.

Градоначалникот на Ростов на Дон, Александар Скрјабин, информираше за состојбата на повредените.

„За жал, невремето не предизвика само материјална штета. Повредени се 13 луѓе, седуммина се примени во болница, а еден човек го загуби животот“, соопшти Скрјабин преку „Телеграм“.

Тој изрази сочувство до семејството на загинатиот и им посака брзо закрепнување на повредените.

ВИДЕО | Силно невреме на Халкидики – туристите гледаа торнадо како им се приближува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот