ВИДЕО | Прекината парадата на гордоста во Берлин: Возило удри во група луѓе, има повредени
Берлинската парада на гордоста била прекината вечерва откако возило удрило во група луѓе во близина на паркот Тиергартен. Според првичните информации, неколку лица се повредени. Организаторите ја откажаа преостанатата програма на настанот по инцидентот, објави „Билд“.
Препорачано
Инцидентот се случил околу 22 часот во близина на Ленештрасе. Полицијата потврдила дека возило влегло во зоната каде што се одржувала парадата и каде се наоѓале учесниците.
Засега нема официјални информации за точниот број на повредени лица и за тежината на нивните повреди. Причините и околностите за инцидентот сè уште се истражуваат.
Полицијата го оквалификувала настанот како „масовна несреќа со голем број повредени“. Очевидец изјавил дека видел бело комбе како со голема брзина влегува во паркот Тиергартен.
BREAKING: Car driven into Pride parade in Berlin, Germany, causing multiple injuries – Bild pic.twitter.com/Hszax892ni
— BNO News Live (@BNODesk) July 25, 2026
Поради сериозноста на ситуацијата, бил активиран протоколот за несреќи со голем број повредени. На местото биле испратени 44 припадници на итните служби, како и бројни тимови на болничари и лекари за итна помош.
Auto beim #CSD in Berlin in Menschenmenge gefahren. Der CSD wurde abgebrochen. Situation noch unklar. pic.twitter.com/AlZQ2zrAdQ
— Anabel Schunke (@ainyrockstar) July 25, 2026
Неколку минути по инцидентот, организаторите на CSD соопштиле дека настанот се прекинува. На големиот екран кај Бранденбуршката порта се појавила порака: „Евакуација“.
Набргу потоа, присутните биле повикани мирно и организирано да ја напуштат областа преку објава на Инстаграм.
„Ве молиме избегнувајте ги Колоната на победата (Siegessäule) и Тиергартен. Напуштете ја областа во правец на Главната железничка станица (Хауптбанхоф)“, се наведува во пораката на организаторите.


