Осум лица, меѓу кои шест деца, пронајдени мртви по пожар во куќа во Мичиген

Осум лица, меѓу кои шест деца, биле пронајдени мртви по пожар во куќа во Мичиген по пожар. Полицијата во петокот соопшти дека кај дел од жртвите биле пронајдени прострелни рани, а истрагата се насочува кон можноста за убиство и самоубиство. Инцидентот се случил во Гранд Хејвен, на источниот брег на езерото Мичиген, објави NBC News.

Полицијата и пожарникарите добиле пријава за пожар во петокот, непосредно пред пладне. Капетанот Џејкоб Спаркс од Канцеларијата на шерифот на округот Отава изјави на вечерната прес-конференција дека телата биле пронајдени откако екипите влегле во објектот.

Спаркс објасни дека властите сè уште официјално не ги идентификувале сите жртви, ниту ја утврдиле точната причина за смртта. Тој потврди дека децата биле на возраст од пет до 15 години, но не прецизираше колку од жртвите имале прострелни рани.

„Ова е многу сложена и комплицирана сцена“, изјави Спаркс.

Истражителите во моментов не трагаат по други осомничени, освен меѓу самите жртви, а една од главните истражни насоки е дека станува збор за убиство и самоубиство.

Според полицијата, се верува дека сите лица што живееле во куќата се мртви. Пожарот се третира како сомнителен, а постојат индикации дека бил намерно предизвикан, поради што во истрагата се вклучиле и експерти за утврдување на причините за пожари од Државната полиција на Мичиген.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот