Максим Димитриевски-градоначалник на Куманово / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Советниците и пратениците кои заминале, најчесно е да го вратат мандатот добиен од партиските гласачи, рече претседателот на партијата, Максим Димитриевски, од панел-дискусијата во Прилеп организирана под мотото „Европско ЗНАМ, за европска иднина и европска Македонија“.

Во однос на одлуката на единствената советничка од ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп од неодамна да дејствува како независна, Димитриевски рече дека и таа и пратеникот Миле Цеков ги имаат добиено своите позиции благодарение на довербата што граѓаните ѝ ја дале на партијата и најморално би било и двајцата да му ги вратат мандатите на движењето ЗНАМ бидејќи се освоени преку партијата.

„Не сум декор во политички театар“ – советничка на ЗНАМ од Прилеп ја напушти коалицијата

-Таа треба на своите поддржувачи да им го даде вистинскиот одговор зошто донесла таква одлука. Најчесно би било не само таа, туку и пратеникот Миле Цеков, да го вратат мандатот на партијата, бидејќи тој е добиен преку партијата. Како и да е, ние не сме оптоварени со тоа прашање – изјави Димитриевски.

Тој кажа дека целта на партискиот караван е преку непосреден разговор со граѓаните да се слушнат сите нивни позитивни и негативни критики, со цел партијата поефикасно да дејствува како владин партнер.

Максим Димитриевски за ставовите на пратеникот Миле Цеков: Дебати може да има, сè додека не се злоупотреби довербата на граѓаните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот