Максим Димитриевски / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Максим Димитриевски за ставовите на пратеникот Миле Цеков: Дебати може да има, сè додека не се злоупотреби довербата на граѓаните

Претседателот на ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, осврнувајќи се на различните ставови на пратеникот од партијата, Миле Цеков, кој за повеќе законски решенија во Собранието гласаше спротивно од ставот на ЗНАМ и на власта, вели дека партијата останува отворена за внатрепартиска дебата и различни мислења, но, нагласува дека треба да има „јасна граница за почитување на програмските определби и довербата на гласачите“.

-Не направив партија за да исклучуваме членови, туку да привлекуваме и да го градиме демократскиот капацитет. Дебати може да има, сè додека не се злоупотреби довербата на граѓаните – изјави Димитриевски, испраќајќи порака дека различните ставови се дозволени, но не и отстапување од основните принципи.

Тој рече дека пратениците пред сè мандатот го добиваат од граѓаните, а потоа и од политичката партија, поради што секое евентуално отстапување од програмата мора да биде објаснето пред јавноста.

-Не можете никого да држите со сила. Кој сака може да си оди – нагласи претседателот на ЗНАМ, потенцирајќи дека политичката одговорност е лична, а довербата на гласачите клучна.

Инаку, Цеков неодамна изјави дека „лично нема ништо против“ и би гласал за евентуално внесувањето на Бугарите во Уставот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот